Албанија доби нова пратка со 8.190 вакцини од Фајзер, Рама најави 360.000 дози од пријателска земја
Во Албанија пристигна нова пратка од 8.190 вакцини од компанијата Фајзер, со што до сега од оваа компанја пристигнати се вкупно 16.380, од договорените 500.000 вакцини.
Во комуникација со новинарите на Меѓународниот аеродром во Тирана, пред пристигнувањето на вакцините, премиерот Еди Рама рече дека е во постојана комуникација со пријателска земја, за да обезбеди 360.000 дози вакцини и додаде дека за помалку од две недели тој ќе ја посети таа држава.
Меѓу другото, ги повика сопствениците на деловни објекти да не ги отвораат вратите за политичарите кои водат предизборна кампања спротивно на пропишаните мерки, бидејќи, според премиерот, тие ќе страдаат со високи казни.
Министерката за здравство Огерта Манастирлиу, рече дека оваа недела „целта е да заврши вакцинацијата на медицинскиот персонал низ целата земја“.
-По добивањето на новата количина вакцини процесот на вакцнација ќе го интензивраме. До сега вакцинирани се над 6.000 здравствени работници а оваа недела имаме амбиција да го покриеме со имунизација медицинскиот персонал низ цела Албанија. Почнавме со вакцинација на здравстениот кадар а продолживме со персоналот и старите лица сместени во домови а од неделата и повозрасни лица од 80 години, рече Манастирлиу.
Таа најави дека до крајот на неделата Комитетот на експерти за справување со пандемијата ќе ја анализира епидемиолошката состојба и апелираше на сторого почитување на мерките за заштита „за да не дојде до нивно заострување“.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата