Свет
29. September 2017 - 9:04

Ал Шабаб нападна сомалиска воена база, убиени 17 војници

Борци на исламистичката група Ал Шабаб утрово нападнаа воена база во близина на главниот сомалиски град Могадишу, со помош на автомобили-бомби и огнено оружје. Напаѓачите убија 17 војници и ја презедоа контролата врз базата во близина на соседното село, соопшти групата.

Локалните жители и владини извори го потврдија настанот, но не дадоа детали за жртвите и последиците.

- По утрешните молитви, двајца муџахедини со автомобили-бомби влегоа во базата и извршија самоубиствен напад. Ликвидиравме 17 војници и запленивме седум камиони со монтирани митралези, изјави портпаролот на Ал Шабаб, Адбуазиз Абу Мусаб.

Групата Ал Шабаб е поврзана со Ал Каеда и се бори да ја сруши владата во Могадишу. Нејзините борци често ги напаѓаат воените локации на Владата, но и цивилните и мировните сили на Африканската унија.