Ал Ди Меола на 25 ноември со два концерта во МОБ
Aмериканскиот и светски познат гитарист Ал Ди Меола по пауза од речиси 10 години на 25 ноември ќе одржи два концерти (во 20 и 22 часот) во Македонската опера и балет.
Тој ќе настапи со многу специфична програма, со музика на Битлси, Пјацола, како и негови авторски песни.
Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. За тоа време, додека тој е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, музичарот одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.
Освен со Кларк и Кореа, Ал Ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако Де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 9 октомври по цени од 1.500 и од 2.000 денари.
Ново на Сител
-
Урсула Фон дер Лајен на средби со македонскиот државен врв
-
Филипче до Црвенковски: Или си СДСМ или не си
-
Власта цврсто дека нема предвремени избори, СДСМ вели: Знаат дека губат гласови
-
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица за политичкото рекламирање
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје