Актерот Кевин Харт ќе ги води Оскарите
Американскиот комичар Кевин Харт, познат по филмот „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“, ќе ја води церемонијата за доделување на наградите Оскар за 2019 година, соопшти актерот на Инстаграм.
Церемонијата ќе се емитува на Еј-Би-Си на 24 февруари.
– Исклучително се радувам да кажам дека конечно дојде и мојот ред да го водам доделувањето на Оскарите. Да се приклучам кон легендарниот список на водители на таа сцена е нешто неверојатно, напиша Харт неколку часа откако списанието „Холивуд репортер“ објави статија во која наведе дека водител на Оскарите е најмалку посакуваната работа во Холивуд.
Американската академија за филм, која ги доделува наградите, ја потврди на Твитер одлуката за Харт и истакна дека многу се радува на реакцијата на 39-годишниот актер. Вообичаено, името на водителот на церемонијата го објавува самата Академија.
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур