Акинџи: Ништо не треба да биде табу во преговорите
Лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, денеска изјави дека ништо не треба да биде табу тема во преговорите што за обединување на островот,а се под агенда на ОН, на само неколку часа откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кажа дека повлекувањето на турските воени сили од островот е исклучено, пренесоа британските медиуми.
- Ако кажам дека овие прашања се табу, за кои дури и не можеме да разговараме и дека се треба да остане како што е, тоа е лош пристап, изјави Акинџи на прес-конференција во Женева.
Предлозите не треба да бидат примени како закана кон другата страна, а решенијата треба да бидат прифатливи и за двете страни, така што евентуалната спогодба треба да биде одобрена и од кипарските Грци, и од кипарските Турци, посочи тој.
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија