Акција за собирање електричен и електронски отпад во Битола
Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола почна со собирање на електричен и електронски отпад на територијата на општина Битола.
Оттаму информираат дека ќе излезат во пресрет на секое барање на граѓаните.
- Акцијата ја организираме со цел да им помогнеме на граѓаните организирано и без проблеми да го отстранат електричниот и електронски отпад од своите домови или локации каде неправилно го чуваат, но и да им укажеме дека не треба отпадот како што се телевизори, радиа, компјутери и слично да ги оставаат на несоодветни места, односно во контејнерите за друг смет или за собирање хартија или пластика, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈП „Комуналец“ од Битола.
Тој додаде дека е најдобро електричниот или електронски отпад да се донесе во еколошкиот двор, сместен во дворот на ЈП „Комуналец“.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима