АХВ извршила надзор во фармата во светиниколско каде почина работник, а неговиот колега се бори за живот

На повик на Министерството за внатрешни работи (МВР), официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), извршил увид на свињарската фарма во село Амзибегово, информираат во пименото соопштение АХВ.
- Од аспект на надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на животните – свињите кои се одгледуваат на фармата, односно, не е евидентирана смртност кај животните.АХВ изразува жалење за несреќниот настан, пишува во соопштението на АХВ.
МИА претходно информираше дека Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарска фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45 годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53 годишен колега, кој притрчал да го извади од дупката е на Клиниката за токсикологија во Скопје. Се чекаат да поминат 48 часа за да му се направи компјутерска томографија на мозокот. Директорката на Државниот трудов инспекторат, Весна Томовска за МИА вели дека извршен е инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.
-Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација, вели Томовска.
Таа посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста. Според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.
Од каков гас починал работникот О.Т, а неговиот колега С.Ј се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обудкцијата на починатиот работник. Трагедијата се случи вчера, а во СВР-Штип беше пријавена во 11.01 часот.
Ново на Сител
-

ОЈО Скопје и МВР поднесоа кривична пријава за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство
-

Критична состојбата на текстилните работнички кои возрасни остануват без работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, тој и реководителот за отпад добија 30 дневен притвор
-

Предизборни активности на ВМРО-ДПМНЕ пред вториот круг избори
-

Директорот на Комунална си поднесе оставка, судот му одреди 30 дневен притвор на него и на раководителот на секторот за отпад
-

Тема на денот со Дејан Митески, кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Аеродром
-

Мозочниот удар е најчеста причина за смрт во Македонија - за успешно лекување најважно е рано препознавање на знаците
