Ахмети: Законот за јазиците беше испратен во Венецијанската комисија да се намалат тензиите и предрасудите кај Македонците
Лидерот на ДУИ Али Ахмети знаел дека Законот за употреба на јазиците во целост ќе биде испратен за Мислење во Венецијанската комисија и оти тоа било направено за да се намалат тензиите кај Македонците.
- Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани“, изјави вчера Ахмети одговарајќи на новинарско прашање по отворање на читалница во Чаир.
Венецијанската комисија во мислење ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението, издадено по состанокот во Венеција, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.
Ново на Сител
-
Сообраќајната инфраструктура фокус на кандидатите во Чаир
-
Предизборни активности на независните кандидати и помалите партии
-
Со 10.000 бруцоши почна новата академска година
-
Вработените во Паркови и зеленило добија плата, останатите утре пак ќе протестираат
-
Бизнисот испорача барања до Владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“