Македонија
1. October 2025 - 16:33

Бизнисот испорача барања до Владата

Недостигот на работна сила и адаптирање на образоаванието според потребите на пазарот на труд се двата се уште најголеми прпоблеми на прилепските бизнисмени. Биснисмените денеска од Владата побараа и поголема промоција на домашните производи и да на сите продажни места, да има истакнато минимум 50% од нашите производи, пред увозните. Побара и поголема контрола на производите кои преку кинеските провајдери како Тему влегуваат кај нас.

Кои вршат сериозен проблем најмногу на малите претпријатија, на нивните производи кои претежно се пласираат на македонскиот пазар и сметаме дека тука државата, односно владата треба да даде поддршка, да се проверува нивниот квалитет при увоз, да се оданочат“, вели Никола Марионоски, претседател на Регионална стопанска комора Прилеп.

Беше побарано и поажурност околу добивањето на градежни дозволи и поактивен урбанистички сектор.

Дигитализација и дополнување на урбанистички планови со цел да им се овозможи на претставниците од бизнис заедницата поголеми капитални инвестиции во инфраструктурата и високата и ниската градба, пред се во домувањето за младите брачни парови“, додаде Ирена Јакимоска, заменик престедател на Регионачлна стопанска комора.

Заменик министер за економија истакна дека со сегашните владини мерки од оперативниот план биле обезбедени над 300 нови вработувања во градот.

Бизнисмените дадоа и предлози кои можат да ги подобрат постојаните мерки, но и да воведеме нови и поатрактивни мерки во иднина со новиот оперативен план, кои ќе бидат многу подостапни и пооперативни и за самите компании, но и за вработените лица“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Во овој момент ја креираме програмата за 2026 година и сакаме таму да влезат проекти кои ќе бидат излезени од бизнис заедницата, бидејќи сакаме да одговориме на нивните реални потреби“, кажа Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА.

Во рок една година пазарната иснпекција досега направила 18.000 инспекциски надзори во Македонија, а изречени биле 120 милиони денари платни налози за казни, се со цел да се запре сивата економија. Ќе се барало и зголемување на казните за непочитување на законот за нефер трговски практики кои сега изнесувале само 20.000 евра.