-->
-->
Ахмети се сретна со белгиската амбасадорка
-->
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорката на Белгија Аник Ван Калстер.
Како што соопшти партијата, Ахмети и белгиската амбасадорка разговараа околу политичката криза, Договорот од Пржино, евроатланската интеграција, како и меѓуетничките односи. Ја запознал амбасадорката за напредокот на развојот во земјата велејќи дека главните столбови на Договорот се имплементирани и побара максимална посветеност од политичките партии за поддршка на ДИК во подготовка на изборите на 5 јуни.
- Слободни, демократски и веродостојни избори се почеток на решавање на кризата и спроведување на системските реформи, на што ДУИ упорно ќе инсистира, стои во соопштението во кое се додава дека изборите ќе го деблокираат интегративниот процес и ќе донесат стабилност и безбедност.
Ахмети ја запознал Ван Калстер и за, како што се наведува во соопштението, „мрачните цели од центри кои се обидуваат да поттикнат ирационални постапки на ДУИ врз Договорот во Скопје, но овие фалсификати на граѓаните им се јасни, додека другите политички партии не треба да бидат дел од овие сценарија“.
Ахмети изрази сочувство на белгиската амбасадорка за жртвите од терористичкиот напад во Брисел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради