Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
ДУИ го прогласи Уставен за ненадлежен да одлучува за Законот за јазици бидејќи тој бил дел од Охридскиот рамковен договор кој бил платен со крв. Продолжува воинствената реторика на Ахмети кој вчера на митинг во Гостивар повторно во име на сите Албанци се закани дека поништувањето на евентуално неуставните одредби од Законот за јазици ќе предизвика дестабилизација
„Не сум ученик од од училишта за националисти, туку на силните организации. Овие се лидери кои доаѓаат од салоните. Јас не сум политичар од салони, ниту од бисквити. Но, со оваа политика не одиме напред. Размислете до каде стигнаа работите, вчерашната одлука на Уставниот суд е дека овој закон ќе се одложи за 3 месеци, до март, а можеби и до мај, кога ќе бидат повикани експерти и лидери на политичките партии. Што значи ова? Дали се преговара Охридскиот договор, кој е загарантиран од САД, ЕУ, НАТО и е платен со крв од ОНА“, рече Али Ахмети
Кога криминалот им го гледаат дури од Вашингтон, логично да е да се радикализираат, врати премиерот Мицкоски.
ДУИ попладнево во писмено соопштение уште еднаш го повтори барањето за предвремени избори на што Премиерот повторно го даде истиот одговор. Патот до предвремени избори води само преку победа на опозицијата на локални.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар