Адеми: Не чувствувам лична вина за инцидентот, виновни се Милошоски и опозициските пратеници
Пратеникот и претседател на Комисија за европски прашања Арбр Адеми денеска во изјава, по инцидентот во Собранието, за медиумите посочи дека изразува жалење за сите сцени кои се случиле вчера за време на седницата на Комисијата за европски прашања, како и за испровоцираните сцени од опозицијата.
„Тоа не требаше да се случи. Секако реформската агенда на ова парламентарно мнозинство и на Владата треба да продолжи и да не потпаѓаме на провокации од опозицијата кои се мотивирани од странски агенди за дестабилизација на земјата и за дефокусирање на јавноста од евроинтеграциските процеси. Станува збор за законот кој овозможува владеење на правото и затоа опозцијата сакаше да не го оневозможни неговото донесување. Такви сцени не треба да се повторат ни од опозицијата, ни од било кој друг. Жалам за ваквите сцени и очекувам ваквите моменти и ситуации да не бидат поттик за судири во Собранието“, изјави Адеми.
На прашањето зошто дозволил да биде испровоциран и зошто употребил насилство, Адеми повтори дека се извинува за немилата сцена.
„Бев на моето столче на работното биро како претседател на комисијата. Тие дојдоа да спречат гласање на дневниот ред. Во тие моменти кога се исцрпе листата на процедурални забелешки, се случи тоа за да се спречи дневниот ред“, изјави Адеми.
На прашањето дали одобрува насилство бидејќи го употребил, Адеми негираше употреба на сила.
Тој вели дека насилство имало врз него, затоа што тој бил на работното место.
„Сите пратеници имаат партиска агенда но таа не смее да биде на штета на институциите и граѓаните. Додека го држев микрофонот, на сила ми го зедоа, и физички ме повредија. Овие сцени се за жалење“, додаде Адеми.
Инаку, Адеми одби да ги коментира видеата кои излегоа во јавноста.
Ново на Сител
-
Каква е безбедносната состојба во Македонија?
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, Претседател на движењето ЗНАМ
-
МВР ја објави кривичната пријава, Ковачевски осомничен за злоупотреба на 140.000 евра
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
Политички рекации
-
Ѓурчевски: Во МВР отсекогаш постоеле „кртови“, но денеска е полесно да се пронајдат
-
Таткото на починатото седуммесечно бебе: Го чуваш, го негуваш и за пет дена веќе го нема!
-
Бугарија со предупредување до ЕУ: Прво уставни измени, па интеграција на Македонија