-->
-->
Адеми: Ќе дадеме сè од себе за добар резултат
-->
Фудбалерот за врска на македонската репрезентација Аријан Адеми, најави голема борба со австрискиот тим и максимално залагање во обид да се освојат првите бодови на евро-шампионатот.
– Како и на секој натпревар, така и на овој ќе дадеме сè од себе и се надеваме на што подобар резултат. Среќен сум и горд што сум дел од оваа македонска репрезентација. Против Австрија ќе ни биде многу тешко. Силна репрезентација. Ќе треба да вложиме многу труд ако сакаме да ги победиме. Сигурен сум дека можеме. Секој мал детал може да го реши мечот, изјави Адеми.
Натпреварот од 1. коло од Ц-групата, почнува во 18 часот на „Национална арена Букурешт“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели