Аца Лукас се огласи по шокантната вест за Марина Туцаковиќ
Славната авторка Марина Туцаковиќ се бори за живот на клиниката за онкологија во Србија.
Човекот со кого Марина соработува веќе 20 години, Аца Лукас, за Телеграф ја коментираше нејзината состојба.
Тој е сигурен дека Марина во битката за болеста ќе излезе како победник.
-Не знам што да ви кажам… Дај Боже да се извлече. Верувам дека ќе ја победи болеста. Мора да ја победи, рече пејачот на кого Марина му ги напиша најголемите хитови.
Познатата авторка на најголемите српски хитови Марина Туцаковиќ се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Србија.
Како што пишуваат од срски „Телеграф“ веќе неколку недели се лекува од рак, а како што тврдат извори на тој портал, нејзината состојба се влошува.
Таа прима терапија и сите се надеваат дека од сето ова Марина ќе излезе како херој.
Марина е една од најпознатите автори на текстови која пишува песни за најголемите српски ѕвезди како Цеца, Карлеуша, Аца Лукас, Здравко Чолиќ, Северина и други.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот