-->
-->
78 годишен скопјанец починал по пад од скала
-->
Вчера во 12.45 часот во Полициската станица Ресен, С.С. од Скопје пријавил дека неговиот татко П.А.(78) од Скопје, паднал од скала и се повредил. Тој бил пренесен во ЈЗУ Ресен, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и од извршениот разговор со сопругата на починатиот било утврдено дека П.А., додека извршувал активности во дворот од викенд куќата во туристичката населба Претор, каде што престојувале заедно, паднал по скалите во дворот и се повредил. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жените во Македонија сеуште се соочуваат со низа предизвици
-
Расте побарувачката, но и цената на становите во Штип
-
Пчеларите бараат поедноставени процедури за пристап до финансиска поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип