77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово
На 24.05.2024 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти МВР, при контролата биле санкционирани вкупно 77 пречекорувања на брзината надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-37), од кои 5 возачи (ТЕ-2 и ГВ-3) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 26 (Те-13 и ГВ-13) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното. При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17).
На 24.05.2024 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата биле откриени и санкционирани 27 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-11 и ГВ-16). При контролата, исто така биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. За прекршоците изготвени се предвидените поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да внимаваат кај престигнуваат и да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, затоа што престигнувањето и брзината и во текот на оваа година се најчеста причина за сообраќајни незгоди, стои во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра