-->
-->
50-та изведба на комедијата „Ни ваму ни таму“
-->
На големата сцена на велешкиот Народен театар синоќа гостуваше Независниот театарски проект со хит комедијата „Ни ваму ни таму“ кој на велешката сцена ја одигра јубилејната 50 претстава.
Претставата е дело на Бојан Трифуновски и актерите Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски Упа кои воедно и играат во претставата заедно со Никола Kумев, а предизвика голем интерес кај публиката која ги награди со долг и силен аплауз. Зборува за двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, кои случајно се наоѓаат на еден европски аеродром и на интересен начин ги фалат и критикуваат недостатоците на Македонците.
По претставата, Тодоровски рече дека долго време посакувал да заигра на оваа нова театарска сцена во Велес. - Велешани се одична публика. Ме радува што претставата ја доживеа како своја и тоа беше нашата цел, да кажеме некоја приказна и тема што е битна за нашиот народ, потенцира Тодоровски-Упа.
Симеон Дамевски Моне додаде дека оваа претстава ја напишале заедно со Упа кога се вратиле во Македонија во 2009 година.Тој бил во Америка 20 години, а Тодоровски Упа во Словенија и Србија.
Досега претставата ја одиграле во 17 македонски градови, во Канада, Албанија, а идната година планираат да ја одиграат и во Австралија.
Воедно работат и на новиот филм „Враќање“ кој треба да биде прикажан премиерно до Нова година. Станува збор за момче Албанец од Македонија кое се враќа дома со невестата Французинка за да ја покаже пред родителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Здружение за заштита на потрошувачи во Србија повикува на месечен бојкот на трговски синџир
-
Посебен режим на сообраќај во дел од град Скопје поради излевањето на Маркова река
-
Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка
-
Во Косово убиен полициски началник
-
Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД
-
Светски ден за подигање на свеста за аутизмот: Ја осветлуваме убавината на различноста
-
Се очекува Филипче да соопшти повеќе детали за лидерската средба, партиите чекаат детали по што ќе заземат став
-
Јавна седница на ССМ пред законодавниот дом, ќе се бара минимална плата од 500 евра и пораст на останатите плати