Македонија
1. April 2025 - 16:36

30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи

30 дневен притвор во Шутка доби членот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски, Ангел Самараков кој е осомничен за оддавање на службена тајна. Полицаецот од Шестата Управа, пред два дена беше фатен пред хотел во Велес, а во бмв-то полицијата му нашла ранец полн со службени материјали од МВР, по што беше уапсен.

Според истрагата тој во автомобилот документите му ги покажувал на сведок во постапката, а со нив планирал да изнуди 50.000 од друго лице. 

Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

За ова кривично дело казната затвор е најмалку една година. 

Од опозициската СДСМ прашуваат како обезбедувачот на премиерот Мицкоски имал пристап до тие документи, односно кој му ги дал доверливите информации?

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека наместо опозицијата да ја поздрави акцијата на МВР каде што за криминалците нема да има милост без разлика од која партија се, на опозицијата и смета што се апсат сите кои несовесно се однесуваат во службата. 

По апсењето на Самараков од Владата известија дека истрагата ќе покаже што точно се случувало, но дека безбедноста на премиерот не е загрозена. Документите и лицатата вмешани во истрагата не се поврзани со нарко кланот од Грчец, велат од Обвинителството.