Вработена во МЕПСО го оштетила буџетот на компанијата за износ од 22.215.675 денари
Управата за финансиска полиција на ден 18.01.2021 година до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против К.Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в ст.3 од Кривичниот Законик;
Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари.
Ново на Сител
-

Инфлација од 4.5 проценти во октомври
-

Кривична пријава против 40-годишна радовишанка, поради дојава за бомба во училиште во Радовиш
-

Ѓорѓиевски: Од понеделник 55 приватни автобуси ќе го засилат јавниот превоз во Скопје
-

Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт, кажа Ѓорѓиевски
-

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“
-

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
-

Мицкоски: Очекувам следната година нивото на инфлација да се движи меѓу 2 и 3 проценти
-

Директорот на Агенцијата за финансиска фатен како зема мито од 400 евра, финалната сума требало да биде 50.000 евра
