Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

Даме Димитровски е избран за претседател на Советот на Град Скопје. Тој доби 23 гласа на денешната конститутивна седница на Советот, а беше предложен од советникот Луке Галески, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Димитровски доби поддршка од коалицијата „Твоја Македонија“, ЗНАМ и ВРЕДИ, но за него не гласаа советниците на Левица и СДСМ иако рекоа дека сепак, ќе го поддржат во работењето.
Во обраќањето по изборот, тој рече дека ќе се залага Скопје да стане подобро место за живеење, да има почист воздух и почиста животна средина, подобар јавен превоз, поквалитетно управување со отпадот,...
- Како претседател ќе се залагам за три клучни принципи во работата на Советот. Прво: транспарентност - секој граѓанин ќе има право да знае како се носат одлуките, каде се трошат јавните средства и како ќе се реализираат проектите. И ќе ги отвориме вратите за јавноста. Ќе промовираме дигитална достапност и отчетност во секој чекор на Советот. Второ: дијалог - ова Собрание ќе има различни ставови за различни прашања, но не смее да има непријатели во Советот. Трето: визија - Иако градот има многу дневни проблеми, сакаме да градиме и Скопје за следните генерации. Да вложуваме во трајни проекти, зеленило, урбана култура, иновации и во нови можности за младите, истакна Димитровски.
Тој најави дека ќе ги води седниците на Советот на Градот во духот на почитувањето, аргументираната дебата и конструктивноста.
- Ова не треба да биде само Совет што зборува, туку прво треба да биде Совет што слуша, подвлече Димитровски и дополни дека ќе биде претседател на дијалогот, а не на поделбите.
Димитровски информира дека следната недела ќе има седница за ребалансот на Буџетот на Градот.
На почетокот на денешната седница советниците прочитаа и потпишаа изјава за стапувањето на функцијата.
Советот на Град Скопје има вкупно 45 советници, а на денешната седница беа присутни 44.
МИА
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
