Владата го усвои Петтиот пакет антиковид мерки
Владата на денешната 45-та седница го усвои Петтиот пакет економски мерки, креиран за да обезбеди ревитализирање, стабилност и развој на економијата во услови на Ковид-19.
– Пакетот 5 за стабилна и развојна економија е креиран врз основа на континуираното следење на состојбата и економските параметри, како и преку консултации со сите чинители во општеството во насока на продолжување на мерките од претходните четири сета мерки. Мерките што се опфатени имаат за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервал од 4 до 5 отсто од пред настапување на кризата и за директна поддршка на стопанството и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и работните услови, се наведува во соопштението од владината седница.
Прес-службата на Владата информира дека заради остварување на наведените цели, вредноста на предлогот за Петтиот сет мерки е проценет на 9.773.100.000 денари или 158.912.195 евра.
– Предлог мерките од Петтиот сет економски мерки се систематизирани во 4 главни столбови и тоа директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните кои работат во секторите кои се уште имаат последици од пандемијата, финансиска поддршка на ликвидноста на граѓаните и приватниот сектор со цел задржување и/или зголемување на бројот на работниците како и процесот на заздравување на компаниите, креирање на поповолно деловно опкружување (системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки) и поддршка за граѓаните, се додава во соопштението од владината седница.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
