УНИЦЕФ: Речиси 50 милиони деца под присила ја напуштиле својата татковина
Речиси 50 милиони деца низ светот присилно ја напуштиле својата татковина поради насилство, прогон или војна, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Податоците од анализата велат дека 28 милиони се раселени поради воени судири, од кои 10 милиони се класифицирани како бегалци. Дваесет милиони пак, се раселени поради присуство на банди, сиромаштија...
Од оние деца кои немаат пристап до хуманитарна помош, околу 17 милиони се внатрешно раселени. Еден милион се малолетните баратели на азил, чиј бегалски статус се уште не е решен. Од вкупниот број деца бегалци, 45 отсто се од Сирија и Авганистан.
Лицата на возраст под 18 години во 2015 сочинувале една третина од светската популација, а во последното десетлетие бројот на деца бегалци се удвоил, стои во извештајот.
Се почесто се случува тие деца да патуваат сами без придружба, па така минатата година се регистрирани 100.000 малолетници без старатели кои побарале азил во 78 држави. Тоа е речиси три пати повеќе во однос на 2014 година.
Ново на Сител
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење