Тројца обвинети за илегална препродажба на хероин во Гостивар
Поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, Основното јавно обвиителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица, како соизвршители, кои од непознато лице на 10 мај во тетовското село Камењане набавиле наркотична дрога хероин со намера да ја препродадат на уживатели во Гостивар и околината.
Од Обвинителството информираат дека кај Врапчишка петља возилот било забележано од полициски службеници, кои го запреле и пребарувајќи пронашле 4,4 грама хероин.
Тројцата обвинети се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик а, како што информираат од ОЈО, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на претходно определените мерки притвор за обвинетите лица.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија