Македонија
28. April 2024 - 16:38

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција

ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција Вреди се поблиску до постиизборна коалиција по изборите на 8 мај. И двете страни ја потврдуваат заложбата заеднички да ја формираат идната Влада.

Мицкоски цели на 2/3 мнозинство во парламентот, па најави дека во во владина коалиција има место и за ЗНАМ на Максим Димитриевски, со кој е во разговори.

И од коалицијата Вреди убедени дека постизбирната коалиција ќе биде со ВМРО-ДПМНЕ. Условите за брзи уставни измени и шеф на државата ибран во парламентот ги нема во денешната реторика

Ахмети пак, со директни пораки до Мицкоски дека тој не одредува дали ДУИ ќе оди во опозција.

Но, на ваквите пораки на Ахмети одговараат и Мицкоски и Меџити. Велат граѓаните веќе им одговориле на интегративците.

Но, освен ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ кои отворено застанаа зад ставот ДУИ да остане во опозиција, деновиве критики кон интегративците се слушнаа и од доскорешниот партнер на Ахмети – Ковачевски. Лидерот на СДСМ забележува на тоа што ДУИ не користи европски знамиња на митинците и извикува УЧК на митинзите