Стипендии за средношколци со помал просек за програми од уметноста, дизајнот и информатиката
Почнува проектот „Образованието е поважно од просек 5.0“, наменет за средношколци од цела Македонија кои изминатата учебна година ја завршиле со просек под 3.9, во чии рамки средношколците до 15 февруари ќе можат да аплицираат за стипендии за програми поврзани со уметноста, дизајнот и информатиката.
- Целта на овој проект е подигање на моралот и самодовербата на учениците со послаб просек, нивно мотивирање да го продолжат личниот развој во областите на уметноста, дизајнот и информатиката и подигање на свесноста за засебноста и важноста на секој предмет од образованието за секој ученик, без разлика на нивниот просек, се посочува во соопштението од „Џолев и уметностите“.
На овие ученици, креаторите на овој проект „Џолев и уметностите“ со поддршка на „Семос Едукација“ ќе им доделат по пет или вкупно десет целосни стипендии за некоја од нивните програми поврзани со уметноста, дизајнот и информатиката.
- Од 14 до 18 години, учениците се во потрага по област во која подоцна ќе можат да го специјализираат и усовршат своето знаење. Без разлика на просекот, секој ученик носи свои кквалитети, кои заслужуваат да бидат препознаени“, велат од „Џолев и уметностите“ во соопштението.
Секој средношколец со просек под 3.9 ќе може да аплицира за една од понудените програми најдоцна до 15. февруари (четврток) преку електронската пријава каде клучна информација за избор на стипендираните лица ќе биде мотивациското писмо. Секој кандидат ќе треба да ги наведе причините за избраната програма и своите понатамошни планови и амбиции.
На 19 февруари офцијално ќе бидат соопштени десетте средношколци кои ќе добијат целосни стипендии.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст