Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 100 други се повредени по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република, изјави шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.
Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и музичарот, кој е популарен во Латинска Америка.
Спасувачите бараа затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.
-Продолжуваме да работиме и да бараме луѓе под урнатините. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат овде додека не се извлече и последниот човек од урнатините, рече Мендез.
Претседателот Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на „X“.
-Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој
Ново на Сител
-
Ваташанка приведена поради агресивност кон полициски службеници
-
Димитриеска-Кочоска: Владата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови
-
Тетовското обвинителство вложи жалба на пресудата за сообраќајна несреќа во која беше усмртена Теодора
-
Македонското студио „Денсерс јунајтед“ освои вкупно 19 медали во Полска
-
Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје
-
Кинеско МНР: Кина нема да посветува внимание на американската „игра со бројки“ во врска со царините
-
РСБСП со апел за Велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи