Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Во јануари 2025 година, извозот на агро-храна од ЕУ достигна 19 милијарди евра, додека увозот изнесуваше 16 милијарди евра. Ова доведе до редукција на трговскиот вишок во овој сектор на три милијарди евра, како резултат на зголемување на трошоците за увоз.
Според најновиот извештај на Европската комисија за трговија со агро-храна во ЕУ, пласманот во странство во јануари годинава е зголемен за четири проценти на годишно ниво, споредено со истиот месец лани.
Главен странски пазар за агро-храна од ЕУ останува Велика Британија, каде вредноста на продадените добра забележува годишен пораст од четири проценти. По Велика Британија, следува Швајцарија, каде европскиот пласман во странство порасна за 16 отсто, пред се поради зголемената продажба на производи од какао.
Од друга страна, најголем пад бележи пласманот во странство во Кина и тоа за 13 отсто, главно поради значителното намалување на продажбата на европските житни култури на кинескиот пазар. Најголем пораст се бележи во вредноста на пласманот во странство на кафе, чај, какао и зачини и тоа за 396 милиони евра или за 55 отсто. Ваквиот пораст во периодот јануари 2024-2025 во најголема мера се должи на повисоките цени на какаото и кафето на светските берзи. Вредноста на пласманот во странство на кондиторски производи и чоколада пораснал за 150 милиони евра или 18 отсто, а на млекото и млечни производи за 119 милиони евра или осум проценти.
Најголемо намалување на пласманот во странство има кај житните култури и тоа за 466 милиони евра или за 37 отсто , главно поради помалите испорачани количества на пченица и пченка од ЕУ. Пласманот во странство на маслодајни семиња и протеински култури бележи намалување за 52 милиони евра или за 22 проценти, а на растителните масла за 40 милиони евра, односно за 17 отсто. И во овој случај падот на вредноста на пласманот во странство се должи на редуцираните количини на нивниот извоз.
Кога станува збор за увозот на агро-храна во ЕУ во јануари годинава, тој се зголеми за седум отсто на месечно и за 19 проценти на годишно ниво. Најголем пораст на вредноста бележи увозот на годишно ниво од Брегот на Слоновата Коска за 438 милиони евра или 77 отсто и од Гана за 233 милиони евра, што преставува зголемување за дури 153 проценти.
Од друга страна, најголем пад се бележи кај увозот од Бразил и тоа за 140 милиони евра или за 10 отсто и од Украина за 125 милиони евра или за девет проценти. Редуцираната вредноста на увозот од двете земји главно се должи на помалите количини на увезени маслодајни растенија и житни култури.
Најголем пораст се бележи во вредноста на увозот на кафе, какао и зачини во ЕУ и тоа за 1,4 милијарди евра или 66 отсто, по што следуваат овошјето и јаткасти плодови. Ваквиот пораст главно се должи на растот на нивните цени на глобални ниво, а не на зголемување на нивната побарувачка. Пад на вредноста на увозот во ЕУ има кај маслодајните растенија, протеинските култури и шеќерот, како поради намалените увезени количини, така и поради нивните пониски цени.
Ново на Сител
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик
-
Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд