Продуцентите лути на холивудскиот актер поради разголените сцени на поранешната сопруга
Разводот на актерот Џони Деп и неговата колешка Амбер Херд предизвика големо внимание во јавноста. Освен бурната разделба, сега испливаа уште некои информации кои наводно влијаеле на нивниот брак, но и на нејзината кариера.
На тужбите никогаш крај, а сега во таа „игра без граници“ се вклучија и продуцентите на филмот „London Fields“. Тие одлучиле Амбер да ја тужат поради непочитување на договорот, затоа што тврдат дека поради Деп, со кого тогаш била во брак, се откажала од снимањето на разголени сцени.
Поради тоа тие морале да најмат двојници за да ја одиграат сцената и сега од поранешната жена на Џони Деп бараат повеќе од осум милиони евра отштета.
- Бурната врска на Амбер и господинот Деп сигурно била причината за нејзиното непрофесионално однесување, тврди продуцентот Кристофер Хенли.
Амбер, од друга страна, изјави дека била жртва на сексуално искористување и поднесе противтужба каде што наведува дека не знаела дека за секси сцените била ангажирана двојничка.
Нејзиниот менаџер истакнува дека е непотребно да се вовлекува Деп во спорната приказна.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик