Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто биле потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана развиената и интензивна соработка во телекомуникациите, банкарството, културата, образованието и други области, информира утринава Кабинетот на претседатеката.
- Сиљановска- Давкова укажа на потребата од ставање крај на македонскиот маратон кон Брисел, условен од билатерализацијата на процесот на евроинтеграција и двојните стандарди за членство, понекогаш спротивно на темелните вредности и принципи, утврдени во конститутивните документи на ЕУ. Потенцирајќи дека Западниот Балкан беше и останува приоритет и на новата австриска Влада, министерката Мајнл-Рајсингер истакна дека без Западно-балканскиот регион, Унијата не е целосна. Посочувајќи ја Австрија како наш силен поддржувач, таа потврди дека македонската иднина е во Европската Унија, како и дека разговорите за решавањето, но и пронаоѓањето на самото решение на овој неоснован билатерален спор, би сакала да се случат во Виена, се наведува во соопштението.
Претседателката Сиљановска Давкова напоменала и дека во последните две децении Австрија е најголемиот странски инвеститор, со над 50 компании во државава и укажала на потенцијалот за продлабочување на економската соработка, особено во областа на обновливите извори на енергија, во инфраструктурата и во образованието, додека министерката Мајнл-Рајсингер го посочи туризмот како гранка во чиј развој, австриското успешно искуство може да ни биде од голема помош.
- Изразувајќи ја својата искрена благодарност за солидарноста и помошта по трагедијата во Кочани, Сиљановска-Давкова рекла дека Австрија уште еднаш докажа дека е наш искрен пријател и партнер. Обете се согласија дека е време за посета на највисоко ниво, во Скопје, или Виена, соопшти претседателскиот Кабинет.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик