Претседателот Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
-Во нашиот заеднички дом, Република Македонија, деценија и половина со гордост се празнува овој значаен ден како симбол на богатата историја и култура, обичаи и фолклор на припадниците на бошњачкиот етникум. Токму со своите специфики и светоглед, Бошњаците заземаат особено место во сите општествени текови во нашата татковина, но и во целиот балкански регион, збогатувајќи го бесценетиот мозаик од различни култури и традиции, стои во честитката.
Пендаровски порачува дека благодарение на придонесот на сите етнички заедници државава претставува пример за функционално мултиетничко општество.
-Нека нашиот соживот, заедништвото и почитта бидат влог во градењето на стабилна, просперитетна и економски развиена држава. Сплотени да ги надминеме сите здравствени, економски и политички закани кои се надвиснуваат врз нашата татковина и врз нас како индивидуи. Да ги премостиме сите пречки и да ги надминеме сите искушенија, стремејќи се кон подобра и посветла иднина. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам добро здравје, радост, среќа и бериќет, истакна претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот