-->
-->
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-->
На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци