Loading Video...
Свет
22. May 2025 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Убиени израелски службеници во Вашингтон

Двајца вработени во израелската амбасада во главниот град на САД, Вашингтон  синоќа се убиени пред Еврејскиот музеј во Вашингтотн. Биле застрелани од непосредна близина додека  си заминувале од настан во Еврејскиот музеј.   30 годишниот напаѓач од Чикако  е уапсен. Немал претходни  полициски досиеја што би го ставиле на радарот на безбедносните служби соопшти началничката на полицијата Памела Смит. При апсењето, напаѓачот извикувал Слободна Палестина и рекол дека пукал за ПАлестина, посочувајки го мотивот за нападот.

- Двојката која вечерва беше застрелана во името на „Слободна Палестина“ е млад пар пред свршувачка. Младиот маж купил прстен оваа недела со намера да ја запроси својата девојка следната недела во Ерусалим, изјави Јехиел  Лајтер, амбасадор на Израел во САД.  

Претседателот на Израел  Исак Херцог и премиерот Бенјамин Нетањаху   го осудија нападот во Вашингтотн,  ,истакнувајки дека убиствата биле јасно мотивирани од антисемитизам.  И американскиот претседател Доналд ТРамп и неговите   највисоки функционери го осудија нападот и ветија дека ке се борат дека против антисемитизмот. Во мегувреме , Нетањаху им нареди на израелските дипломатски претставништва ширум светот да ја зајакнат безбедноста. Израел е на мета на силни меѓународни критики поради новата воена офанциа и и катастрофалнаата хуманитарна ситауција во појасот Газа. 

Најмалку двајца загинати во поплавите во Австралија

Најмалку три  лица загинаа а две се водат како исчезнати во поплавите што го  погодија југоисточниот   дел на  Австралија предизвикани од големите количини дожд што паднаа во текот на изминатите два дена. Цели градови се поплавени. Хеликоптери и чамци ги евеакуираа  жителите кои биле принудени да иззлезат на покриви за да се спасат од надојдените води. 

- Имавме околу 590 спасувања од поплави за време на оваа операција, така што значителен број луѓе требаше да се спасат. Помошник комесионер на полицијата на нов Јужен Велс, Дејвид Вадел.

Метеорлозите најавуваат  дека обилните дождови  во југоисточниот дел на Австралија ке продолжат  и во наредните денови.