Преглед на вестите од светот
И покрај меѓународните критики, Израел не запира со офанзивата во Газа и ја ограничува хуманитарната помош
Израел продолжува со масовните воздушни напади и со проширената копнена офанзива во Појасот Газа обидувајќи да се го уништи исламистичкото движење Хамас и да ги спаси преостанатите заложници, киднапирани пред 20 месеци. Според министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас во израелските воздушни удари извршени утрово загинале намалку 19 цивили. Велика Британија, Канада и Франција побараа од Израел да ги прекине воени дејствија и да ја тргне блокада за влез на хуманитрана помош во Газа, воведена пред 11 недели. Во изминатите два дена Изарел дозволи само 100 камиони на ОН со помош да влезат во Газа по предупредување на Светската органзаиција дека целото население на енклавата, повеке од 2 милиона луѓе е на работ на глад. 100 камиони нема да направат голема разлика, бидејќи Газа е без храна веке 11 недели, велат од ОН. Израелскиот премиер Нетеаху вели дека милитантите ја крадат помошта и затоа ја блокира. Реагира и ЕУ. ЕУ ке го преиспита договорот за политичка и економска соработка со Израел со акцент на неговото почитување на клаузулата за човекови права рече Еврокомесарката за надворешна и безбедносна политика.
- Има силно мнозинство за ревизија на членот 2 од нашиот договор за асоцијација со Израел. На Израел е да ја деблокира хуманитарната помош. Спасувањето животи мора да биде наш главен приоритет.
Хамас го обвини Нетањаху дека ја користи хуманитраната помош како алатка да не уценува да ги ослободиме заложниците без да постигнеме договор за пркеин на огнот .
„Златна купола„ ќе го заштитува небото над САД
Доналд Трамп објави детали за планираниот противракетен систем Златна Купола што ќе ја заштитува целата територијата на САД. Станува збор за комплексен систем кој ќе инкорпорира делови изградени на копно, под вода и во Вселената и засекогаш ќе го затвори прашањето за безбедноста на САД порача американскиот претседател.
„Во кампањата, му ветив на американскиот народ дека ќе изградам најсовремен противракетен одбранбен штит за да ја заштитам нашата татковина од заканата од странски ракетен напад. И тоа е она што го правиме. Откако ќе биде целосно изградена, Златната купола ќе може да пресретнува ракети дури и ако тие се лансирани од други страни на светот, па дури и ако се лансираат од вселената. И ќе го имаме најдобриот систем некогаш изграден. Како што знаете, му помогнавме на Израел со нивното и беше многу успешно, а сега имаме технологија која е дури и далеку напредна од тоа“.
Трамп тврди дека системот ќе биде готов за три години, односно до крајот на неговиот мандат а ќе чини 175 милијарди долари.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар