Loading Video...
Свет
11. јуни 2024 - 16:32

Преглед на вестите од светот

67  годишен маж се полеа со безнин и се запали на плоштадот пред зградата на Хрватската влада  во Загреб. Со тешки изгореници по целото тело е префрелн на Клиниката  за Трауматологија. 

Тој има изгореници од четврти степен на речиси целото тело. Пациентот е во животна опасност“,изјави Динко Видовиќ од Клиниката за трауматологија

Драмата се одвила утрово околу 10 часот. Во тој момент на состанок во Владата бил премиерот Андреј Пленковиќ,  кој веднаш штом дознал за немилиот настан изгелот на плоштадот. Пленковиќ  заедно со министерот за здравство  ја координарал акцијата за згрижување на повредниот. Не позната причината за неговото самозапалување .

Советот за безбедност на ОН го поддржа  американскиот план за завршување на војната во Газа со резолуцијата усвоена синоќа во Њујорк.  За гласаа 14 земји –членки, единствено Русија, една од земјите со право на глас, беше воздржана. Најмоќното тело на ОН гласаше за мир истакна амбасадорката на  САД во ОН.  Во резолуцијата на Советот за безбедност стои дека Израел го прифатил планот на Бајден , а истото се бара и од Хамас. ИЗарелските власти јавно  не објавија дека го прифатиле планот, нема одговор ниту од Хамас.  Резолуцијата , која е обврзувачка според меѓуанродното право  бара од двете страни да го усовјуват планот без одлагање  и безусловно. Американскиот план е три фазен- првата фаза е прогласување шестнеделен  прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници, како и враќање на телата на загинатите заложници. Втората фаза предвидува траен прекин на огнот и повлекување на израелската армија од Појасот Газа, додека третата фаза е фокусирана на долгорочната перспектива на Газа и нејзината обнова.

 

Топлотен бран со екстремно високи температури што ќе достигнат до 43 степени Целзиусови од денеска до петок ќе ја зафати Грција. Четврток се очекува да биде најтоплиот ден со температура  од  43 степени. Волонтери од црвениот крст во центарот Атина и во четири други градови поставија штандови на кои делат вода и ги информираат граѓаните како да се заштитат од високите температури, а општините отворија климатизирани простории.Грчкиот министер  за климатски кризи Василис Кикиљас исткана дека топлото време ќе го зголеми ризикот  од шумски пожари. Потсетувајќи на ланските шумски пожари во кои   загинаа над 20 луѓе, Кикиљас апелира до граѓаните да бидат внимателни.