Поранешниот албанскот гувернер Фулани прогласен за невин

По две судски рочишта и по два месеца откако за невин го прогласи Осовниот суд во Тирана, истата одлука ја потвди и Апелацискиот суд, за поранешниот гувернер на Централна банка на Албанија, Ардијан Фулани.
Апелација, како што констатира тиранската телевизија Топ-чанел забележала рекорд во процесот, подредувајќи го судскиот процес „Фулани“ како најитен процес во судската историја.
Судското тело во состав Лефтер Јахај, Шкелќим Мустафа и Генти Шаља, само го прочитале диспозитивот, оствајќи ја во сила првостепната одлука, со која се потврдува невиноста на поранешниот гувернер, обвинет за злоупотреба на службената положба, за грабежот во банкарскот трезор и начинот на купување на хотелот „Дајти“ од владата за банката.
Обвинителството во првиот процес, во кој беа осудени петнаесет вработени од банката за Фулани побара пет години затвор.
Фулани беше уапсен на 5 септември минатата година под обвинение за злоупотреба на службената положба. Апсењето следуваше пет недели откако вработен во банката призна дека од трезорот украл 713 милиони леки (6,6 милиони долари) во банкноти повлечени од оптек.
Откако му беше одредена мерка притвор тој по десет дена беше пуштен во домашен притвор.
Фулани уште од самиот почеток ги отфрлаше обвинувањата, а неговиот адвокат обвини дека станува збор за политички мотивиран процес.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
