Македонија
6. јуни 2023 - 12:23

Почнува Струмица Опен Фест

Под мотото ,,Фестивалска магија цело лето,, од денеска во Струмица започнува Струмица опен фестивалот. Култура и забава, спортско рекреативни настани и музички концерти ќе бидат дел од содржините на 12 то издание на фестивалот. Програмата ќе трае до 13 ти август и ќе се реализира на неколку отворени локации во градот.

Исто како и лани и оваа година  годинава во музичкиот дел на фестивалот ќе настапуваат само домашни изведувачи.

За реализацијата на фестивалската програма годинава општина Струмица ќе потроши 2, 5 милиони денари, средства од општинскиот буџет. Дополнително фестивалот е поддржан и од министерството за култура со 160 000 денари.