Педесетина граѓани побарале бесплатна правна помош преку Правниот факултет во Штип
Педесетина граѓани во изминативе 4 години побарале услуга од Правната клиника за бесплатна правна помош, при Правниот факултет на УГД. Клиниката е примарен давател на правна помош со право да дава иницијален совет и мислење доколку имаат потреба од застапување од адвокат. Врз основа на регистрите од Министерството за правда ги подготвува документите и ги испраќаат странките кај адвокатите. Со тоа покрај граѓаните, добиваат и студентите, во вид на практична настава.
- Имаме доста успеси, за што говорат извешаите кои имаме обврска да ги поднесуваме до Министерството за правда. Имаме повеќе случаи коишто се завршени и сум оптимист дека и понатаму се повеќе ќе се зголемува интересот на граѓаните и ќе можеме да им помагаме при решавањето на нивните правни прашања-изјави проф. Милица Шутова, Правен факултет -УГД-Штип.
Ова е одамна востановена пракса во земјите од Унијата. Правната клиника на Универзитетот во Загреб постои веќе 12 години и досега имале над 20.000 предмети, во главно за правни мислења и информации.
- На тој начин, Правната клиника на Правниот факултет во Загреб, помеѓу сите нудители на бесплатна правна помош во Хрватска е меѓу првите 5.-изјави проф. Алан Узелац, Правен факултет, Загреб, Хрватска.
На 10-ата Меѓународна конференција на штипскиот Правен факултет, професорката Кристин Менгес – Л пап, од францускиот Тулуз Капитол универзитет, истакна дека нејзината земја има долга традиција на социјална и правна заштита на своите граѓани, а се надева дека така ќе остане и во иднина.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар