Опремувањето со компјутери и таблети на учениците не е гаранција за подобри резултати

Првиот извештај на ПИЗА на ОEЦД за дигиталните надлежности, објавен денеска може да послужи како преудпредување, бидејќи тој констатира дека учениците во земјите во кои учениците користат умерено компјутери за време на наставата имаат подобри школски резултати, пренесува дописникот на МИА од Париз.
- Да им се даде на учениците ај-пад нема да се промени ништо, бидејќи учениците од 6-то веќе имаат интернет конекција, резимира експертот на ОЕЦД за образование, Ерик Шарбоние.
- Дигитализиацијата или информатизацијата не е чудотворен лек. Предизвикот не е толку многу во количина, колку во квалитетот, инсистира Ерик Шарбоние. Тој смета дека има потреба да инвестира во обуката на наставниците и да се воведат на „релевантен начин дигиталните алатки за учење“.
Наспроти прифатените идеи, најновиот извештај на ПИЗА вели дека земјите каде што учениците кои имаат поумерена употреба на компјутерите во наставата забележуваат подобри школски резултати. Во просек, 72 отсто од учениците во земјите членки на ОЕЦД, користат компјутери или таблетни уреди на училиште. Тие се само 42 отсто во Кореја и 38 отсто во Шангај, иако двете економии се меѓу најуспешните според евалуациите на Пиза. Спротивно на тоа, во земјите каде што повеќе се користи интернетот на училиште, успехот на училиштетето се намалува помеѓу 2000 и 2012 година Ова е случај во земјите од Источна Европа.
Единствен исклучок на оваа табела која ќе им се допадне на приврзаниците на дигиталната технологија на училиште: Австралија и Норвешка. Двете земји на оваа тема имаат искуство од 5 до 10 години, што им овозможи да ги револуционираат образовните практики, со измената на часови, и пред се, вистински заедничка работа на наставниците. - Наставниците се здобиле со клучот за работа со дигиталната техника. Сурфање на интернет, како дел од надгледувана училишна работа ја подобрува ефикасноста. Правењето вежби на интернет, „четување“ или испраќање пораки не ги подобрува, вели Франческо Ависати, аналитичар на ОЕЦД.
Ново на Сител
-   
           Српската Влада го прогласи 1 ноември за Ден на жалост
-   
           Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби
-   
           Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување
-   
           Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп
-   
           Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина
-   
           Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете
-   
           Вучиќ: Се извинувам за некои работи што ги кажав
-   
           Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција






