Македонија
4. јуни 2023 - 16:30

ОБСЕ под претседателство на Македонија нуди план во 10 точки за кризата на северот од Косово

Македонија треба внимателно да ја следи ситуацијата на Косово која е експлозивна, предупредуваат експертите за безбедност.

Уште од распадот на Југославија на Балканот се активни разузнавачки служби кои во секој момент можат да активираат конфликт од помали размери, вели професорот по безбедност Буџаковски, и треба да се биде крајно претпазлив.

Ситуацијата и во Србија и на Косово е нестабилна и тоа носи опасности, смета Буџаковски. Копјата на големите сили се кршат на Балканот и затоа се зголемува притисокот врз Приштина да ретерира, особено по изјавата на Лавров дека е можен нов конфликт во центарот на Европа. 

План за деескалација на ситуацијата Косово објави и ОБСЕ. Меѓу деветте чекори кои ги предлага претседавачот Бујар Османи, е да се откажат протестите и да се стават во функција општините. Се предлага и градоначалниците да поднесат оставки до летото оваа година, со што ќе се отвори патот за предвремени општински избори до крајот на годинава.