Бизнис
1. December 2025 - 16:37

Околу 200.000 граѓани не добија поврат на ДДВ, УЈП вели парите ќе им бидат исплатени без да каже кога

Речиси 200.000 граѓани кои скенираа фискални сметки , не го добија парите од повратот на ДДВ. Законскиот рок за исплата истече вчера.

Од УЈП без одговор –  кога ќе се им се префрлат средствата  за третото тримесечје,  но уверуваат дека парите ќе ги добијат

- Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка системски се враќа и средствата не се исплаќаат кон сите корисници кои се во ист налог како и корисникот кој извршил промена. Овој предизвик е веќе идентификуван и надлежните служби работат на негово надминување. Целта е да се обезбеди точна и правична исплата за сите граѓани, без исклучок - велат во соопшението од Управата.

 Додаваат  дека граѓаните треба  да бидат спокојни, средствата кои им следуваат ќе бидат исплатени.  Според последните податоци кои ги објави Управата за јавни приходи, а се однесуваат за 2 то тримесечје, фискални сметки скенираат речиси 503 илјади граѓани. Од кога почна да се применува проектот во 2019 та година, вообичено е повратот на ДДВ да се исплаќа до 10, најдоцна до 15 ти  во месецот по истекот на 60 те дена од завршување на кварталот.

Во овој случај, парите за јули, август и септември требаше да легнат на сметките до 15 ти ноември.