Македонија
26. November 2025 - 20:13

Георгиевски, Апостолски и Бошкова предложени за судија во Стразбур

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Ѓорѓиевски се тројцата кандидати кои Комисијата за избор ќе му ги предложи на Советот на Европа за иден судија на Судот за човекови права во Стразбур.

Избрани се во конкуренција со уште осуммина пријавени.

Апостолски и Бошкова се адвокати, додека Ѓеоеѓиев е декан на Правниот факултет.

Според правилникот за избор, тројцата биле единствените кои ги исполнуваат критериумите за судија во Стразбур.

Кој ќе ја претставува Македонија во Судот за човекови права во идните девет години, ќе одлучува Советот на Европа. Одлуката се очекува најдоцна до април.

Костадиновски појасни дека ги спровеле насоките на ДКСК и членовите на Комисијата се изземале од гласањето за кандидатите за кои антикорупциска посочи дека е можен судирот на интереси.

До конечниот избор, земјава во Стразбур ќе ја претставува актуелниот судија Јован Илиевски.