Македонија
6. November 2025 - 12:22

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС

Властите очекуваат новата стратегија за образование што треба да биде скроена до крајот на годината, да резултира со подобрување на лошите резултатите што македонските ученици ги имаат на ПИСА и ТИМСС.

Меѓу клучните приоритети кои се очекуваат од нејзината имплементација се и подобрување на квалитетот на наставата, едносменско работење и вметнување на ВИ во образовниот процес.