Македонија
2. October 2025 - 16:32

79г. велешанец е првиот осуденик со електронска алка во Македонија

Донесена првата пресуда за куќен затвор со примена на електронска алка. 79-годишен велешанец ќе биде првиот кој ќе издржува ваква казна. Тој е осуден на три месеци за кривично дело полово вонемирување.

Осуденикот ќе има по два часа на ден слободни останатите ќе биде под постојан надзор преку системот за следење на неговото движење. Директорот на управата е задоволен што почнуваат со примена на оваа мерка, уште една ваква пресуда донел битолскиот суд.

Електронската алка како новина во законот може да се носи како казнена мерка за лица кои се стари и изнемоштени, бремени жени и мајки со мали деца или лица со тешки болести или инвалидитет. Управата има на располагање 100 вакви алки кои веднаш може да се применат.

Примената на електронски алки се воведоа за да се намали притисокот во казнено поправните домови и е согласно меѓународните практики.

Со оваа мерка државата  ќе  заштеди дневно по 2000 денари од еден затвореник а дополнително ќе има посоодветни услови во затворите кои функционираат со преполн капацитет. Во државата има околиу 2300 затвореници и околу 400 притвореници.