Сиљановска Давкова на самит на Европската политичка заедница во Данска
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска учествува на седмиот состанок на Европската политичка заедница кој се одржува во Данска каде што ќе се обрати на панел-дискусијата „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани“, со која ќе претседаваат францускиот претседател Емануел Макрон и албанскиот премиер Еди Рама.
На состанокот во Копенхаген се поканети 47 шефови на држави и влади. Клучни теми ќе бидат војната во Украина и потребните чекори за посилна и побезбедна Европа во амбиент на конфликтна геополитичка ситуација.
Сиљановска преку социјалните мрежи информираше дека вчера вечер присуствувала на прием организиран од кралот на Данска, Фредерик Десетти и кралицата Мери Елизабет
На приемот, како што пишува Сиљановска-Давкова во објава на Фејсбук, имала можност да поразговара со францускиот претседател Емануел Макрон, со бугарскиот премиер Росен Жељазков, со британскиот премиер и со премиерите на Финска и на Малта
Ветувачки почеток во пријателска атмосфера и плоден разговор пред дискусиите на коишто ќе ги претставам македонските позиции, согласно со нашите национални интереси, напиша Сиљановска
Пред стартот на денешниот состанок пак порача дека на Европа и е потребна политика како уметност на можното.