Македонија
30. September 2025 - 12:28

Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, денеска седна на обвинителна клупа во кривичниот суд. Одговара за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Според обвинението, таа на лице обвинето во случајот „Адитив“, му пренесувала информации од предмет кој за него се водел во антикорупциската комисија. Таа одговара и за фалсификување на сертифакатот за државна тајна, бидејќи во нејзино име, друг го полагал елеткронскиот испит.

Според адвокатот на Димитровска, немало докази за делата за кои е обвинета, па очекува ослободителна пресуда.

Од обвинителството пак велат дека се уште трае анализата на мобилниот на Димитровска, кој може да открие и дополнителни информации за случајот.