Зголемен број на болни деца поради промената на времето
Променливото време ги полни одринациите на педијатрите со болни деца. Течење на нос и кашлица се најчестите симптоми со кои се среќаваат лекарите. Повеќето мали пациенти биле со полесна клиничка слика.
- Во овој период многу се застапени горнореспираторните инфекции кај помалите деца, има и долно респираторни инфекции. Со блага симптоматологија, со нос течење, со кашлица која често симптоматски ја лекуваме од сезонски карактер, поради нагло менување на температурата , зголемената влажност, зголемената загаденост. Засега не наоѓаме вируси и бактерии, изјави д-р Светлана Смугреска, педијатар.
Иако времето е заладено, педијатарот Смугреска препорачува децата да не се затвораат дома веднаш од училиште, туку соодветно облечени да поминат време надвор.
- Потребно е свеж воздух, свежо подготвена храна, а не онаа фаст фуд, детето треба да има активности. Родителите бараат сите нивни деца да бидат солидни во училиште, но битно е детето да расте здрави и право, порачува педијатарот Смугреска.
Видендот и во Клиниката “Козле” бележат зголемен број деца со респираторни инфекции.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар