Македонија
19. May 2025 - 16:38

За Филипче заемот од 6 милјарди евра е непатриотски, за Мицкоски - Трансформационен за иднината на државата

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе биде поддржан од опозициската СДСМ, но партијата на Венко Филипче како антиевропска ја смета финансиската рамка од 6 милјарди евра заем што Владата ја договорила со оваа земја. Филипче побара премиерот Мицкоски да ги откри деталите за како што рече историското задолжување бидејќи парите ќе треба да ги враќаат идните генераци. 

„Огромна сума на пари, 6 милијарди евра, го надмина дури и нашиот буџет“. Прво мора да се утврди потеклото на средствата: „Кое е потеклото на парите? Дали парите се британски и директно од британската влада или станува збор за фонд којшто е лоциран во Велика Британија, а располага со пари од некоја друга земја?“ -„Дали знаеме колкава е каматата? Дали Владата знае, дали точно знае за што се преговара во овој период? Дали е направена споредба со некој друг извор на пари? Дали е направена споредба со Светска банка, со некои други комерцијални и инвестициски банки итн.?“ 

За лидерот на СДСМ најспорно било тоа што се работи за заем преку договор влада со влада, како унгарскиот заем, бидејки со тоа се намалувала транспарентноста во трошењето на парите. За него, како што рече попатриотски е, да се искористи европскиот пат и да се обезбедат грантови од Европската унија за изградба на инфраструктура. Не логично за Филипче е и тоа што со овој заем да се инвестира само коридорот 10, но и не коридорот 8.

Премиерот, пак, одговара дека покрај пругата Табановце- Гевгелија, кличничките болници Штип, Тетово и Кичево, ќе има пари и за други проекти од транспортот, здравството, енергетиката. Детали околу заемот се договара преку тим составен од неговиот кабиент и министерстватата за финасии, транспорт и здравство. За премиерот нема сомнеж дека се работи за трансформационен заем кој ќе ја измени државата на подобро.

Договорот за финансиската рамка меѓу  Македонија и Велика Британија до крајот на неделава треба да биде потпишан во Лондон од страна на министерот за транспорт Николовски.