Македонија
8. May 2025 - 12:16
Климатските промени го уништуваат езерото
Климатските промени и постојаните осцилации на нивото негативно влијаат врз Охридското езеро. Ваквите состојби нанесуваат огромни штети врз екосистемот, а отворена е и можноста за исчезнување на некои ендемични видови . Екологистите повтроно го кренаа својот глас бараат поголема заштита на езерото кое е под заштита на УНЕСКО.
Според добрите познавачи извесни грешки се направени во 60тите години од минатиот век кога Охридското езеро стана акумулација за производство на електрична енергија.
Експетите додаваат дека покрај овие неприродни ослилации на нивото на Езеро, проблем за живиот свет во него е и внесувањето на комунални отпадни води од градот Охрид и од Струга и од околните рурални населби.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->