Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
Напредок има, но не чека голем пат за влез во Унијата и европски стандард на граѓаните. Листата на реформи кои треба да се исполнат е долга, иако исчекор има во делот на владеење на правото и реформи во јавната администрација, вели евроамбасадорот во земјава Рокас.
Препораките на Унијата за раст на Западен Балкан се поклопуваат со оние на Светска банка - продолжување со реформите, дигитализација, подобрување на бизнис климата, но државата да го искористи потенцијалот на приватниот бзинис, за поголеми стапки на економски раст,
- Реформите во судството, антикорупциската и јавна администрација лежат во срцето и во процесот на пристапување во ЕУ и на моделот на Свестка банка за, би рекол, креативно уништување кога старите неефикасности мора да остапат место на нови можности. Ми со допаѓа овој термин во извештајот. Тоа е евидентно, но сепак има долг пат да се изоди и барем постои силна посветеност да се оди брзо напред во владеење на правото и реформите во јавната администрација, изјави Микалис Рокас, амбасадор на ЕУ во земјава.
Земјите со средни приходи, каде спаѓа и нашата се соочуваат со предизвици како да го забрзаат економскиот раст и да станат работните места поплатени. Ако продолжиме со вакви стапки, како изминативе 5,6 години. за да го достигнеме европскиот стандард, ќе ни бидат потребни 60 години. Ако економијата забрза, ќе се преполови и периодот.
- На пример, ако земеме 36,000 по глава на жител во Европа и 8,9 илјади евра овде, ќе ни треба до 4 пати зголемување за да се достигне истото ниво. Ако имаме побрза стапка на раст тогаш 30 до 40 години, ако не, ако имаме побавна стапка, како последните 5,6 години, тогаш 60 до 70 години, изјави Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија
Бавниот напредок во спроведување на структурните реформи, но и брзото стареење на населението и пад на наталитетот, во комбинација со високата мигарција, резултираше со намалување на работоспособното население и надолен притисок на економскиот раст, се наведува во извештајот на Светска банка. За поголеми приходи на домаќинствата препорачуваат реформи во образованието, подобра бизнис клима, поголема продуктивност на вработените, но и ефикасно трошење на електричната енергија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар