Преглед на вестите од светот
Девет лица загинаа во Киев, а повредени се 70 во комбиниран напад со проектили и беспилотни летала
Девет лица загинаа во главниот град на Украина Киев, а повредени се 70 лица соопштија локалните служби за итни случаеви, меѓу нив има и шест деца. Во текот на ноќта и утринските часови беа извршени комбинирани напади со проектили и беспилотни летала. Во нападот се уништени и оштетени станбени блокови. Спасувачките тимови вднаш пристапија во расчистување на урнатините. Спасувачките операции се во тек во пет области на градот, според официјални лица. Спасувачките екипи, оперирале на 13 локации во главниот град со специјалисти за качување и кучиња трагачи. Избувнаа и 40 пожари.
Во Киев беше во сила тревога за воздушен напад шест часа, а луѓето се засолнуваа во метрото.
Според Трамп - Зеленски се движи во погрешна насока
Американскиот претседател Доналд Трамп е разочаран од темпото на разговорите за ставање крај на војната во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
- Претседателот Трамп е фрустриран. Неговото трпение е речиси при крај. Тој сака да го направи она што е правилно за светот. Тој сака да види мир. Тој сака убиствата да запрат, но двете страни во војната мора да бидат подготвени да го направат тоа, изјави Левит за новинарите во Белата куќа.
- И за жал, претседателот Зеленски се чини дека се движи во погрешна насока, додаде таа.
Околу 150 лица се повредени во земјотресот во Истанбул, најмногу поради панични реакции
Околу 150 лица се повредени во земјотрес со јачина од 6,2 степени кој ја погоди областа на Истанбул во текот на вчерашнио ден. Паника владееше низ градот, а стравот од понатамошни потреси ја зголеми загриженоста кај околу 16 милиони жители на овој мегалополис. Според турското Министерство за внатрешни работи, нема жртви, а станбените згради главно останале неоштетени. Сепак, eкспертите предупредуваат дека во блиска иднина е можно да следи уште посилен земјотрес, со јачина до 7 степени. Главниот удар траел околу 13 секунди, предизвикувајќи масовна паника – луѓе бегаа од своите домови, а некои дури и скокале низ прозорци. Повеќето повредени страдале поради падови или панични реакции. Никој од повредените не е во животна опасност.
Инаку по главниот удар регистрирани се над 120 помали потреси.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар